Викендот Берово е ваша вистинска дестинација и мета на случувањата во истокот

Денеска во Берово е отворен првиот OUTDOОR FESTIVAL – ,, Повикот на Малешевијата 2021” кој ќе се одржува од 16 до 18 Јули 2021 година во Берово и низ Малешевските планини.
Фестивалот претставува збир на повеќе активности како планинарење, џипинг- офроад, кампинг, планински велосипедизам, фит камп, работилници и секако сето ова поткрепено со добра музика и забава и посети на заменитости во Берово.
Младите ентузијасти, денес, ги посети првиот човек на Берово, Звонко Пекевски, кој им посака многу забава и успех, да се стекнат со нови искуства и познанства, кои во иднина ќе им бидат потребни и да се инспирираат за придонесување кон развој на општеството, културата, но и да се делува на промена на свеста кон зачувување на природните богатства.
Инспирирани од природата и сѐ што таа дала во овој регион, мотивирани од желбата за развој на спортски дух и еколошки вредности кај младите, како и поканата од Асоцијација за планински спортски настани, се само дел од причините, кои ги натераа младите ентизијасти од Здружение за планински спортови, туризам и млади ,,Патфајндерс”, да организираат три дневен аутдор фестивал, кој е од отворен тип и ќе поттикне здружување, социјализација, размена на искуства и стекнување нови пријателства меѓу локалното население и посетителите од државата и од странство.
Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Берово, во рамките на финансирање на невладини организации и од локални спонзори .
Целта на овој фестивал е првично промоција на Малешевскиот регион, преку привлекување на домашни и странски туристи, како и развивање на спортски и еколошки вредности кај локалното младо население – еден дел со самата посета на фестивалот, а друг дел со волонтерство при организацијата на самиот настан. Овие цели ќе бидат исполнети преку вклучување на сите посетители во конкретни активности предвидени во фестивалот.
Затоа, овој викенд Берово е прав избор за многу забава!
Горе