Општина Берово е целосно раздолжена и финансиски стабилна општина

Во последните четири години, видлив е трендот на опаѓање на доспеаните неисплатени обврски на Општина Берово, при што според информациите од Одделението за финансиски прашања , во моментот локалната самоуправа покажува голема финансиска стабилност, со измирени сите стари обврски.

Ваквата финансиска стабилност се должи на домаќинското работење и менаџирање со општинските приходи, но и на Одлуката на Владата за финансиска подршка на општините и единките кориснички за раздолжување на 51 % од пријавените неплатени обврски во 2018 година, при што од блокирана сметка, не само што е разблокирана, туку и во целост се измирени старите долгови и во моментот настанатите обврски тековно се сервисираат.

Со тоа ја враќаме довербата кај стопанството и продолжуваме да работиме за економски развој на Берово, затоа што така ветивме пред граѓаните и затоа што Берово ни е на прво место.

Горе