Денес, учениците од угостителско-туристичката струка при ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово, се вратија, побогати за едно убаво искуство, од петнаесетдневната обука за кулинарско претприемништво, во Јанина, Грција.
Учениците ги пречекаа градоначалникот Пекевски и директорот Корчовски, кои им посакаа добредојде, додавајќи дека реализацијата на вакви проекти, им овозможува на учениците да се стекнат со нови искуства и секако да ги прошират своите знаења.
Обуката е реализирана, во рамките на проектот “Зајакнување на Малешевскиот регион преку кулинарско претприемништво“, преку кој, 23 ученици, имаа можност да се запознаат со традиционалната грчка кујна и да се стекнат со кулинарски знаења и вештини, во делот на подготовка на традиционалната грчка алва, баклава и подготовка на месо, во гастра фурна.
Ова е третиот успешно реализиран проект на ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово преку ЕРАМУС+ програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.