,,Тхе штекица”омилена поп рок група на беровчани

Она што навистина е важно дека публиката никогаш не може да се купи.
Немаше човек на плоштадот во Берово, кој остана рамнодушен на песната ,,Мое Берово” , во изведба на локалната група ,,ТХЕ ШТЕКИЦА”, која ја вжешти атмосферата на ЕТНО плоштад фестивалот.
Беровската публика, од најмал до највозрасен, ужива во екс ју хитовите на ,,ТХЕ ШТЕКИЦА”, а на забавата и немаше крај.
Луѓето се менуваат, но она што е вредно останува да сведочи, како најсилна светлина.
Песните ни носат некаква емоција, некакво оживување на подзабравените спомени и нивно распламтување, кое секогаш ни доаѓа како најсилна светлина на крајот на тунелот.
Општина Берово и овојпат ја покажа својата големина. Секогаш застанува зад било кој уметник, изведувач кој на несебичен начин, ќе успее да даде допринос во промовирањето не само на себе, туку и на Берово.
Она што навистина е важно, да не ја заборавиме суштината на работите и секогаш да гледеме чекор поблиску до нас, исто како што Општина Берово секогаш се труди за подоброто на граѓаните.
,,Тхе штекица”, повеќе од 30 години ја забавува беровската публика и е омилена поп рок група, за сите генерации.
Горе