Средба на градоначалникот Петар Ружински со уметникот Ќазим Дрекович

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска оствари средба со Ќазим Дрекович, уметник со беровско потекло, со кого разговараше за можностите за развој и промоција на културата, уметноста и туризмот во Малешевскиот регион.

На средбата беше презентирана идејата за основање на меѓународен уметнички фестивал „Малеш Арт“, кој би се организирал во Берово.Фестивалот има за цел да ги обедини уметноста, културата, природата и туризмот, создавајќи простор за креативна размена, културна афирмација и меѓународна соработка.

Тие разговараа за потенцијалите што ги нуди Берово, како инспиративна средина за уметници од земјата и странство, како и за можностите преку ваков настан, дополнително да се промовира Берово, како препознатлива културна и туристичка дестинација.

Градоначалникот ја поздрави иницијативата и ја истакна подготвеноста на Општина Берово, да поддржи идеи и проекти, кои придонесуваат за развој на културниот живот и афирмација на локалните вредности.

Горе