Продолжува успешната приказна во општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица ,,др.Иван Влашки”, каде во тек се активности за доградба на помошни простории.
Градежните активности одат согласно предвидената динамика и наскоро истата ќе биде готова.
Целта е да се изгради топла врска помеѓу втората и третата ламела, со што двете ламели ќе бидат поврзани, а истата ќе добие своја намена како помошна просторија.
Со оваа градба, се искористуваат сите важечки урбанистички можности, за доградба, а Домот за стари лица добива целина.
Изминатиот период завршија градежните активности во третата ламела, во тек е набавка на опрема за истата, извршено е хотртикултурно и урбано уредување, со што оваа установа го зголемува капацитетот, одговара на потребите на граѓаните и прераснува во реномирана устнова која ги задоволува сите модерни стандарди.