Локализирање на пожарот во близина на туристичкиот комплекс “Аурора”

Денес во близина на познатиот туристички комплекс “Аурора” избувна пожар на млада шума над самото езеро. Пожарот е ставен во контрола од страна на Територијалната противпожарна единица од Берово. Апелираме и за претстојните празници одговорност во делувањето во природата, придржувањето на сите граѓани кон мерките за делувањето во природа и придржување кон сите актуелни здравствени мерки. Екипата на противпожарната единица останува на терен за надгледување на ситуацијата.
Горе