Во рамките на Програмата за локални улици и патишта за 2021 година, интензивно продолжуваат градежните активности на повеќе локации во градот и населените места, при што денес е завршено асфалтирањето на улица ,,Борис Кидрич.
Се асфалтира улицата во должина од 970 метри и широчина 7 метри, со дебелина на асфалт од 5 cm, и вкупна квадратна површина околу 7000 м2..
Градежните активности, со голем интензитет продолжуваат и понатаму, при што следната недела е планирано да биде асфалтирана ул. ,,7” а во тек е и реконструкција на улици во с. Двориште.
За реконструкција на оваа улица, од општинскиот Буџет за 2021 година ќе бидат исплатени вкупно 2.196.348,00.