Штедливи лед светилки, деновиве го подобруваат осветлувањето во вечерните часови, во централното градско подрачје, во Берово.
Во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, со нови енергетски ефикасни, лед светилки, кои се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина, заменето е градското осветлување на ул ,,Маршал Тито” и ул.,,23 Август”, во Берово
Новите светилки, ќе допринесат за заштеда на енергија и значително ќе ја подобрат видливоста во вечерните часови, ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.
Од Буџетот на општина Берово, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за оваа намена, ќе се потрошат околу 500.000,00 денари.