Се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во населба Јуовец, во Берово.
Жителите од оваа населба, отсега нема да имаат проблем со притисокот на водата, за што ЈПКР ,,Услуга”, од Берово инсталира нова пумпна станица, за водоснабдување во оваа населба.
Како што истакна Директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово , Илија Рунтевски, со набавката на новата пумпна станица, не само што жителите ќе добијат подобрена услуга, туки и ќе се намалат трошоците на јавното комунално претпријатие и ќе се добие поквалитетно водоснабдување.