Се разубавува дворната површина во Домот за стари лица во Берово

Се разубавува дворната површина во ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” Во Берово, при што старите лица, добиваат уште по пријатно катче за престој.

Во тек се активности за изградба на  уникатна украсна црквичка, бунар и летниковец, кои на дворот му даваат дополнителна убавина, а за станарите обезбедуваат нови  содржини.

За уредување на дворните површини, од Буџетот на ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” ќе бидат потрошени околу  300.000,00 денари.

Со континуирана поддршка од Министерството од труд и социјалана политика, домот за стари лица во Берово, секојдневно ги проширува своите капацитети, подновен и разубавен, со нови реквизити, кои го надополнуваат амбиентот.

Инаку, паралелно со уредување на дворната површина, во оваа установа, во тек е внатрешно уредување на третата ламела, која ќе донесе 10 легла за нови корисници и хортикултурно уредување, со што домот прераснува во една реномирана установа, која ги исполнува сите услови и стандарди за пријатен престој на оние кои цел живот се грижеле за нас.

Горе