ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, го искористи зимскиот распуст на учениците, за уредување на влезот и пристапните патики до училиштето и за подобрување на условите за учење за учениците.
Реконструирани се санитарните јазли, изграден е санитарен јазол за лица со посебни потреби, уредени се влезот и пристапните патеки до училиштето, санирани се ѕидовите и подлогата во дворното место и набавена е нова урбана опрема.
Второто полугодие во ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, ќе започне со подобрени услови за учење на учениците и и ќе стане попријатно катче за престој.
Со реконструкција на ООУ ,,Никола Петров Русински” уште еднаш потврдуваме дека се грижиме за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери, не само во градот, туку и во населените места во општината.
Образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредуваат условите за учење, затоа што тоа дирекно влијае на создавање на успешни генерации, кое нешто е истакнато како приоритет во сите мои излагања- истакна Пекевски.
За реконструкција на училишниот објект во с. Русиново, од Буџетот на училиштето ќе бидат потрошени околу 1.600.000,00 денари.