Се подобруваат условите за учење во подрачно училиште во с. Двориште

Во рамките на  активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење, привршуваат активностите за реконструкција на просториите на подрачното училиште  ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, во с. Дворипте.

Стариот дотраен  под, е земенет со нелизгачки плочки, при што дополнително, исто така е извршено и бетонирање.

Изврешено е белење на училниците со санација на ѕидовите, отстранета е старата дотраена ламперија и на еден метар висина, ѕидовите се премачкани со специјална мрсна боја.

Старата дотраена столарија на спортската сала, е заменета со нова, истата е избелена и нејзиниот изглед е целосно сменет.

Со сите овие реконстукции, подрачното училиште во с. Двориште, станува пријатно катче за учење, а за реконструкција на истото, од Буџетот на училиштето, ќе бидат потрошени околу 1.800.000,00 денари.

Горе