Се гради пешачката и вело патека како спој на ул. ,,Гоце Делчев” и ,,Борис Кидрич”

Во рамките на активностите на Општина Берово, за реконструкција на локални улици и патишта , се реконструира пешачката и вело патека како спој на ул. ,,Гоце Делчев” и ,,Борис Кидрич”.

Со изградбата на оваа улица, ќе се олесни пристапноста на жителите од овој дел на градот, кој ќе добијат соодветна инфраструктура и подобар квалитет на живот.

За изградбата на оваа патека, од Буџетот на Општина Берово, за 2021 година ќе бидат издвоени 242.780,00  денари.

Горе