Се асфалтираат делови од улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска”, во с. Русиново

Нов асфалт, во должина од 430 метри, денеска добиваат дел од  улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска” , во с. Русиново, со што се подобрува  патната мрежа во с. Русиново, а со тоа се подобрува квалитетот на живот на жителите од с. Русиново и нивната пристапност до семејните имоти.

Се асфалтираат улиците во широчина од 3 до 3,5 метри , со асфалтна маса од 7 сантиметри.

Подобрувањето на состојбата на локалните патишта, е од особено значење за жителите на Берово и населените места и затоа, максимално сме посветени и интензивно работиме на реализација на инфраструктурни проекти.

Од особено значење е и подобрување на пристапноста на возилата за итна медицинска помош и противпожарните возила.

Со реконструкцијата  на делови од улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска”,   ќе се подобри социјалната кохезија на жителите од овие улици но и на останатите граѓани и посетители на с. Русиновo.

Благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, што ни овозможува реализација на вакви проекти, кои се од витално значење, за жителите од населените места, а кои граѓаните постојано ги истакнуваат како приоритети.

Средствата во износ од околу 3.000.000,00 денари, за реконструкција на дел од двете улици, се обезбедени  од Биро за регионален развој.

Горе