Со асфалтирање на улици , во центарот на селото , се заокружуваат градежните активности, во рамките на проект ,,Македонија без кал”, со кој значително е подобрена патната инфраструктура во беровското село Двориште.
Со реконструкцијата на улиците во с. Двориште, се обезбдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места , земјоделците добиваат подобар пристап до своите имоти и до градот, ќе се подобри локалната патна инфраструктура и значително се подобрува квалитетот на живот на жителите на село Двориште.
Во рамките на проектот ,,Македонија без кал”, извршена е реконструкција на локален пат во селото Двориште, со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра.
Проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.