Фантастично 4 коло, на Работничките спортски игри во Берово

Фудбалските натпревари на четвртата вечер од работничките спортски игри во Берово ја направија вчерашната вечер за паметење,  во одиграното 4 коло,  во салата„Македноски Бранители“ во Берово.

Екипите учеснички,  приредија одлична игра, прекрасни голови и гладијаторска борба на целиот терен, пред преполни трибини публика, во салата.

Најпрво тимот на Образование со враќањето на Александар Мишовски,  после малата повреда, со три гола ја потврдија победата над екипата на Национални шуми и Пилани.

Цврст натпревар се играше и помеѓу тимот на Општина Берово, кои со 2:1 ја совладаа екипата на Фагус.

Во третиот натпревар, среќата повторно не беше на страна на играчите од тимот на Приватни фирми, кои испуштија многу шанси, да постигнат гол во мрежата на тимот Угостители и Обложувалници, па на крајот казната ги стигна со два примени голови.

-Немавме среќа, иако неколку пати можевме да постигнеме гол и секако овој пат се покажавме како подобра екипа од нашите противници од тимот на Угостители и Обложувалници.Голем хендикеп за нас беше и повредата на играчи, со што не можевме да направиме замени.После промашувањата на крајот несреќно изгубивме, но тоа е тоа.Се надеваме дека оставивме добар впечаток на публиката, а следното коло се враќаме со уште поголем елан за игра и одиме на победа – изјавија од екипата на Приватни фирми.

Сепак публиката која беше најбројна оваа вечер, можеше да види и одлични возбудувања на натпреварот помеѓу тимот на Труд Социјала и Суд и екипата на Беровски Роми.Младите момци од тимот на Беровските Роми приредија вистинско изненадување и квалитетна игра.Најпрвин одличниот Денил Дестанов постигна прекрасен гол од далечнина, со што ја крена пубилката на нозе.И покрај многуте шанси да постигнат уше некој гол, на крајот изненадувачки натпреварот заврши со резултат 2:2.

Гладијаторска борба и цврстина на терен се одвиваше на петтиот натпревар помеѓу екипите на МВР Полиција и АРМ Гарнизон Штип.Големиот број на шанси и на двете страни, неизвесноста на целиот натпревар во финишот го искористија играчите на АРМ Гарнизон Штип, кои се радуваа со победа од 1:2

Екипата на Гранична полиција со 3:0 службено го добија натпреварот против тимот на ЈПКР, кои поради отсуство на играчи не можеа да го комплетираат својот тим.

Следното петто коло ќе се одигра во Понеделник на 21.03.2022 со почеток во 17 часот.

 

Еве ги и резултатите од 4 коло:

 

17:00 ч. Национални шуми и Пилани-Образование 0:3

17:30 ч. Општина Берово – Фагус 2:1

18:00 ч. Угостители и Обложувалници-Приватни фирми 2:0

18:30 ч. Труд и Социјала и Суд – Беровски Роми – 2:2

19:00 ч. МВР Полиција – АРСМ Гарнизон Штип 1:2

19:30 ч.Гранична полиција-ЈПКР (службено 3:0)

Распоредот за екипите кои ќе играат во последното 5 коло, кое ќе се одигра во понеделник 21.05.2022 година, со почеток во 17:00 часот е следниот:

17:00 ч. Општина Берово и Беровски Роми

17:30 ч. ЈПКР Услуга– Фагус

18:00 ч. Приватни фирми – МВР Полиција

18:30 ч. Труд и Социјала и Суд – Гранична полиција

19:00 ч. Образование – Угостители и обложувалници

19:30 ч.АРСМ Гарнизон Штип-Национални шуми и пилани

Горе