Престојниот викенд во Берово ќе се оржува Outdoor festival – ,, Повикот на Малешевијата II 2022”

Престојниот викенд во Берово, во организација на ЗГ  ,,ПАТФАЈНДЕРС”, со финансиска поддршка од Општина Берово, преку повикот за финансирање на невладини организации,  ќе се одржи Outdoor festival – ,, Повикот на Малешевијата II 2022”.

Фестивалот ќе се одржи во периодот од  16 до 18 Септември 2022 година, на локации во Берово и низ Малешевските планини.  Истиот ќе понуди многу забава и уживање за сите. Предвидени се  повеќе активности како планинарење,  офроад, кампинг, планински велосипедизам, различни работилници, ораганизирани посети на заменитости во Берово, како манастири и музеи и секако сето ова поткрепено со добра музика и многу  забава.

,,Повикот На Малешевијата II“ е отворена покана за секој љубител на природата, планинските спортови и дружбата. Фестивалот е прослава, на сè што може да се ужива, на отворено и на планина со најголемо количество на кислород, прекрасни густи шумски предели, глетки за воздишка и изгрејсонце и зајдисонце, истовремено зближувајќи ги Малешевската традиција со модерната култура, музика и природата со спортските активности.

Активностите на овој фестивал се внимателно креирани од страна на тимот на ЗГ ,,ПАТФАЈНДЕРС”.

Организаторите очекуваат посетеност  на околу 500 – 600 учесници и гости.

Повеќе за настанот прочитајте на фејзбук страната Повикот на Малешевијата.

Горе