Денеска, градоначалникот Пекевски и 4 талентирани ученици, ги потпишаа договорите за стипендирање на талентирани ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, за учебната 2023/2024 година, кои ќе добиваат по 2.000,00 денари месечно, во период од 9 месеци, од Буџетот на Општина Берово.
Сметаме дека оваа мерка, ќе ги поттикне учениците, кон учење и развој и кон постигнување на поголеми успеси во училиштето.
Согласно конкурсот, ученици кои ги исполниле условите и ќе бидат стипендирани се:
- Душица Лапевска – ученичка во трета година
- Мартин Сивевски- ученик во трета година
- Катерина Бошнаковска-ученичка во четврта година и
- Михаела Чипевска- ученичка во четврта година
Нека овие стипендии ве поттикнат да продолжите со постигнување на успеси и уште поголеми достигнувања, бидете пример и поттик за вашите соученици и заеднички да градиме успешни генерации и успешна општина. Општина Берово е секогаш тука за вас, отворена и достапна за сите ваши идеи и размислувања и ќе се потрудиме во иднина средствата да ги зголемиме, истакна Пекевски при потпишувањето на договорите, честитајќи им го постигнатиот успех на учениците и посакувајќи им здравје, среќа и безгрижни средношколски денови.