Со ставањето во функција на уличното осветлување, се решава уште еден проблем на жителите од населба Ширината во Берово, која полека, но сигурно станува ново место за живеење во Берово.
Со поставувањето на комплетната инсталација во овој дел од Берово, се реши долгогодишен проблем и се одговори на барањето на жителите од ова место.
Комплетната инсталација е извршена од страна на Општина Берово.
Во делот на уличното осветлување, претходниот период, во Берово, се инвестираше и во замена на постоечките светилки, со нови енергетски ефикасни, на неколку делови во градот, а со истото ќе се продолжи и во текот на оваа година.