Градоначалникот Пекевски и Претседателот на Совет, Матеничарски присуствуваа на седница на Здружение на пензионери

На покана на Претседателот на Здружение на пензионери, вчера, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски, присуствуваа на седница на Здружение на пензионери.

На Седницата, најпрво се обрати Претседателот на Здружението на пензионери, Васко Механџиски,  кои го поздрави присуството на локалните функционери и им се заблагодари за одвоеното време и за досегашната успешна соработка.

Градоначалникот Пекевски, заблагодарувајќи се за поканата, ги поздрави пензионерите, посакувајќи им пред се добро здравје и успешно справување со сите предизвици и што поскоро враќање во нормала, многу заеднички дружби и организирање на активности за пензионерите. Пред присутните, тој изврши кратка презентација на планираните проекти во Буџетот на Општина Берово за 2021 година, во Берово и по населените места.

Пред присутните се обрати и претседателот на Совет на Општина Берово, кој поздравувајќи ги присутните исто така се заблагодари за поканата, посакувајќи поскоро завршување на состојбата со КОВИД 19 и враќање на заедничкиот културен живот.

Понатаму, Градоначалникот Пекевски и Претседателот Матеничарски одговорија на сите прашања, кои им беа поставени од страна на присутните, а во рамките на редовната седница, договорен е и состанок, во врска со решавање на просторните проблеми за одржување на собири на пензионери,  во селските населби.

Понатаму Седницата продолжи да се одвива согласно предвидениот дневен ред, на кој се најде Прегледот на приходи и расходи за периодот од 2020 година, кој оваа година бележи позитивни резултати.

Инаку Здружение на пензионери, седницата ја организираше со запазување  на сите мерки за заштита од КОВИД 19.

Горе