Покана за Регионален форум за одржлив третман на биоотпадот

Општина Берово ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на Регионалниот форум на Источниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, кој ќе се одржи на ден 6.7.2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Берово, а кој се организира во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“.

Целта на форумот е да се презентираат резултатите од базичното истражување за управување со биоотпадот и преку заедничка дискусија да се утврдат најсоодветните решенија за регионот. Прифатениот концепт, ќе претставува основа за изработка на Предфизибилити студија, која ќе им овозможи на општините полесен пристап до финансиска поддршка за реализација на идните проекти.

На форумот ќе учествуваат градоначалници од регионот, претставници на јавните комунални претпријатија, институции, стопански комори, земјоделски и шумарски субјекти и други засегнати страни од Источниот плански регион.

За потврда на присуство:
☎️ 070/305-964
📧 [email protected]

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“,  во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

Горе