ПОКАНА За одбележување на Европска недела на спорт – “#BeActive”, „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“

Здружение на граѓани „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА “, во рамките на Европска недела на спорт”#BeActive”, организира ,,СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“, на ден 25 септември 2021 година (сабота).

Настанот вклучува тесна соработка со националните координатори на Европската недела на

спортот – #BeACTIVE, националната Агенција за млади и спорт, граѓанската организација

Планински Спортски Клуб Малешевска Корија, партнерот од локалниот приватен сектор

Хотел Манастир, Берово и Локалната самоуправа – Општина Берово.

Најважното за сите е тоа што, се цврсто посветени во поддршката на главната цел, да ги поттикнат луѓето да „#Бидат активни“, не само во текот на оваа недела, туку преку целата година.

Целта на настанот е поттикнување на физичка и ментална

кондиција и борба против прекумерната тежина, преку учество во редовна физичка активност,

поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за

маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски врашања и

создавање на родова еднаквост, се со помош на промовирање и се поголемо практикување на

спортот.

АКТИВНОСТ

09:00 – 09:45 Регистрација на учесниците и потпишување на изјавите за учество

09:45 – 10:15 Поздравни говори и истакнување на правилата за учество

10:15 – 10:25 Почеток на планинарската тура

10:30 – 10:40 Почеток на планински велосипедизам турата

10:15 – 14:15 Времетраење на турите

14:15 – 15:45 Ручек и пауза- во базата на настанот

15:45 – 16:00 Превоз до езерото

16:00 – 18:00 Кајак на езеро

18:00 – 20:00 Кошарка, одбојка, тенис, скокање јаже, пинг -понг

19:30 – 22:30 Вечерна забава со скара во базата на настанот покрај реката

Сите активности се на отворено ќе се почитуваат сите мерки за превенција и заштита!

Бројот  на учесници е ограничен.

Учеството е бесплатно.

За сите дополнителни информации или резервација за учество, можете да се обратите на нашата е -пошта: [email protected] или на телефонскиот број 070/275-322.

 

Од организаторот

ПСК Малешевска Корија

Горе