ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

Денеска ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, е одбележан патрониот празник на училиштето.
Пред бистата на Ацо Русковски, во училишниот двор, цвеќе положија Делегација од општина Берово и Делегација од ОСУ,,Ацо Русковски”.
За одбележувањето на раѓањето на патронот Ацо Русковски, како и за неговиот лик и дело, традиционално, како и секоја година, пред присутните, беше прочитан краток реферат.
Ацо Русковски ќе остнае патоказ, на нашите млади генерации, да им служи за пример, за тоа, како човекот несебично ја поврзува својата личност, со многубројните битки за грѓаните на нашата земја и за изградба на модерно општество.
Горе