Организација ,,Македонија 2025″, која што е непрофитна, неполитичка организација, со примарен фокус на економски и лидерски развој, донира 3 лаптоп компјутери модел Tesla Notebook E14 WP/LCD 14/C на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” за да ги користат ученици кои следат настава со учење на далечина, а кои потекнуваат од социјално ранливи категории.
Денеска во просториите на организацијата ,,Македонија 2025”, донацијата беше примена од страна на Градоначалникот Пекевски, кој заблагодарувајќи се , истакна дека лаптопите ќе отидат во прави раце и ќе бидат од голема корист за ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава.
Средствата за купување на опрема за следење на онлајн настава се обезбедени преку интернет кампањта за донации со назив ,, No child left offline” од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји, а лаптопи се доделни на 4 општини: Берово, Битола, Делчево и Пехчево и 6 основни училишта во рамките на општините.
Оваа донација ќе допринесе за поголема вклученост на децата во образовниот процес, успех но и голема радост во 3 семејства, од Општина Берово, кои едвај чекаат лаптопите да ги користат.