Нови детски реквизити се поставени кај комплексот ,,Стара гимназија”

Нови детски реквизити и информативна табла за Берово,  денеска се поставени кај  комплексот ,,Стара гимназија”, кои се добиени како награда за победничко Берово, што минатата година забележа најдобри резултати на конкурсот на Пакомак и Шпаркасе банка  и беше избрано за нај ЕКО општина.

Во трите категории,  според кои жири комисијата го вреднувала еколошкиот придонес на секоја од општините- по бројот и квалитет на еко проекти, буџетот за екологија по жител и зеленило, како и соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина, Општина Берово бележи победнички резултати.

Голема благодарност до ,,Пакомак”  и Шпаркасе Банка, за нивната општествена одговорност, како и за тоа што токму Берово беше избрано за нај ЕКО општина и за нивниот придонес во урбанизацијата и разубавување на Берово, истакна градоначалникот Пекевски, кој додаде дека   овие реквизити ќе донесат нова радост на децата во Берово, при што ќе имаат можност да уживаат во детската игра и забава, а од инфотаблата, туристите ќе можат да добијат основни инфомации за убавините на Берово.

Прогласувањето на Берово за нај ЕКО општина, ја потврдува ангажираноста на општинските служби, во насока на реализација на еко проекти и грижа за животната средина и  дава силен мотив да продолжиме да работиме на зачувување и унапредување на еколошкиот бисер на Македонија- нашето Берово.

Горе