Општина Берово започнува со имплементација на проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”

Во рамките на активностите на Oпштина Берово од социјална заштита, Општина Берово започнува со имплементација на проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”, финансиран од Министерството за труд и социјална политика, по претходно одобрена апликација.
Се работи за проект, кој ќе овозможи помош и нега во домашни услови на стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби.
Имплементацијата на овој проект, ќе овозможи дирекната услуга кон корисниците, во нивните домови, што посочува на вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и овозможува нивна поголема интеграција во општеството.
Основна цел на проектот, е подобрување на квалитетот на живот на старите луѓе во руралните средини на територијата на општина Берово и овозможување достапни услуги за корисниците во нивното место на живеење.
За реализација на активностите од проектот, ќе бидат ангажирани: 20 лица, даватели на услуги, кои ќе се стекнат со професионални вештини и сертификат за нега на стари лица во домашни услови, 1 возач , 1 социјален работник и еден асистент на проект.
Со проектот ќе бидат опфатени 60 стари лица, од кои 12 лица од Берово , а останатите од селските населби.
Обезбедувањето на квалитетни социјални услуги на локално ниво, е важна активност за поддршка на ранливите групи граѓани и за промовирање на пристојно живеење на сите граѓани на Oпштина Берово- истакна Пекевски

Горе