Градоначалникот Пекевски оствари средба со Директорот на агенција за енергетика

Во рамките на активностите на општина Берово, од енергетска ефикасност, вчера, во просториите на Општина Берово, Градоначалникот Пекевски, заедно со тимот задолжен за енергетика во општината, остварија успешна работна средба со Директорот на агенција  за енергетика на Република Северна Македонија,  Нехри Емрула и претставникот од Одделението  за енергетска ефинасност , Дарко Ангелов.

На средбата, беше разговарано за имплеменатација на проекти во Општина Берово, од енергетска ефикасност, беше разгледана Програмата за енергетска ефикасност, при што од страна на присутните преставници, беше констатирано  дека досегашните активности од Програмата, согласно Акциските планови на Општина Берово, се за пофалба, заради високиот процент на реализација.

Во однос на имлементација на проекти од енергетска ефикасност, преставниците со големо задоволство ја пофалија и поздравија релизацијата на вакви проекти во општина Берово, изминатиот период и посакаа општината да  продолжи со ваква динамика на работа.

Исто така во рамките на работната средба, беа врачени решенијата за упис во Регистарот на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија за трите објекти, на кои се поставени фотоволтаици: ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, ОСУ ,,Ацо Русковски” , и Пречистителната станица за отпадни води.

Градоначалникот Пекевски, им се заблагодари на присутните претставници за поддршката во реализацијата на активностите од енергетска ефикасност, посакувајќи им многу здравје, среќна и успешна 2021 година, со реализација на многу проекти.

Горе