Уредувањето на парковите и зелени површини, се секојдневна работа на комуналните служби во општината, со што се овозможува поголема безбедност во сообраќајот и поубава прегледност во магливите декемвриско денови.
Во рамките на активностите за уредување на дрвјата и вегетацијата на јавни површини, екипи на ТППЕ Берово, вчера извршија кастрење на дрвја со исушени гранки и вегетација, на улиците ,,Партизанска” и ,,Ѓорѓи Димитров”.
Чистењето на дотраената вегетација, ја зголемува безбедноста и овозможува, непречено снабдување со електрична енергија.
Дополнително, безбедноста на овие улици , е подобрена и со замената на уличното осветлување со нови лед енергетски ефикасни светилки, што уште еднаш ја докажува грижата на општината, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните на општина Берово, онаму каде што има потреба, од кастрење на дотраени гранки, или гранки кои можат да направат проблем, да пријават во просториите на општина Берово или на телефонскиот број 033/471-057, со цел, општинските екипи, благовремено да реагираат на терен.