Општина Берово обезбеди техничка документација за реконструкција на кино салата во Берово

Во рамки на проектот ,,Градење на  капацитетите кај општините за имплементација на проекти”, кој го спроведува УНДП, преку Фондот за техничка документација, од првиот повик,  Општина Берово,  доби проект за изработка на  техничка документација, за изградба на мултифункционална сала, на локацијата на постоечката кино сала.

После долги години, се актуелизира прашањето за  реконструкција на кино салата, чија локација е во срцето на Берово и е од големо значење за жителите на Берово и околината и за подбрување на целокупната слика за општината.

Проектната документација е финансирана  од УНДП и Шветската агенција за меѓународен развој, преку Министерството за финансии – Единицата за управување со проекти за подобрување на општинските услуги МСИП .

Со добивањето на техничката документација, Општина Берово, станува конкурентна и спремна за идните повици, пред предпристапните фондови, со еден од најдобрите проекти, кои силно ќе го зајакнат локалниот еконмски развој и ќе допринесат во развојот на културата во Берово.

Проектната документација за изградба на мултифункционална сала, ги содржи сите фази и компонентни, потребни за целосна финализација на една современа градба.

Да се надеваме дека во најскоро време, ќе ве израдуваме со најава на  почеток на инвестиција, вредна околу 92 милиони денари и младите ќе добијат место, каде квалитетно би го исполниле своето време, место за дружење и развој на нивните креативни способности, кое нешто беше предвидено во Програмата на Градоначалникот на Општина Берово , за локалните избори во 2017 година и на кое , силно се работи со вложување на сите расположливи ресурси  и покрај големите финансиски импликации.

Приотоа во рамките на вториот повик, преку истата програма, Општина Берово учествува со Барање за техничка документација за изградба на мост на место викано ,,Трите реки” – с. Ратево – Берово, за кои сме во исчекување на резултати.

Горе