Со низа активности, учениците од ООУ „Никола Петров – Русински“ го одбележаа Денот на пролетта и Денот на екологијата.
Учениците од осмо одделение извршија презентација на еколошки весник, учениците од одделенска настава, преку училишниот разглас, организираа литературно читање на тема екологија и пролет, а во училишниот двор, заеднички сите засадија садници, пренесувајќи пораки за зачувување на природата и животната средина и грижа за зелените површини.
Целта на оваа активност е подигнување на еколошката свест и култура на граѓаните, како и давање свој придонес за почиста околина и поздрава средина.
Им благодариме на сите ученици што покажаа интерес и се вклучија во поддржката за зачувување на животната средина.