Одржани состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори од с. Мачево и с. Смојмирово

Градоначалникот Звонко Пекевски и директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово,Илија Рунтевски,  вчера беа на состаноци со одборите на месните заедници  и црковните одбори во с. Мачево и с. Смојмирово.

Беа истакнати потребите на жителите на  овие села,  за решавање на одредени проблеми од комуналната сфера, околу одржување на гробиштата и понатамошната меѓусебна соработка.

Договорена е координација и усогласување со активностите на општината, во однос со потребите на жителите на месните заедници, искажана преку присутните граѓани.

Горе