Известување за инфо ден по распишан повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година

Се повикуваат сите Здруженија на граѓани и фондации, кои се заинтересирани за аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година, да присуствуваат на инфо денот, кој го организира Општина Берово и Комисијата за финансирање, Буџет и ЛЕР при Советот на Општина Берово, за подетални информации за начинот на аплицирање и потребната документација, која треба да ја достават во склоп на апликацијата.

Инфо денот, ќе се одржи на 04.03.2021 година во просториите на Општина Берово во 15 часот..

На инфо денот, заинтересираните претставници на здруженијата и фондациите , ќе можат да  постават прашања за појаснување на апликацијата и пополнување на формуларите.

Исто така, на инфо денот ќе споделат информации за видовите на проекти кои ќе бидат поддржани, критериумите кои треба да ги исполнат здруженијата, потребната документација, како и рокот и начинот на доставување на пријавите.

За подетални информации, можете да го превземете огласот од ВЕБ станата на Општина Берово.

ПРЕВЗЕМИ ОГЛАС

Горе