Градоначалникот Звонко Пекевски и директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово,Илија Рунтевски, вчера беа на состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори во с. Будинарци и с. Митрашинци.
Со жителите од двете села, разговарано е за потребите на жителите на овие села, за решавање на одредени проблеми од комуналната сфера, околу одржување на гробиштата и понатамошната меѓусебна соработка.
Месните заедници претставуваат важна алка во функционирањето на локалната самоуправа, потенцираше Пекевски и токму од тие средби, локалната власт ги црпи идеите и програмите за работа, за тековниот и следниот период.
На овие средби, беше договорена координација и усогласување со активностите на општината, во однос со потребите на жителите на месните заедници, искажана преку присутните граѓани.
Ваквите средби ќе продолжат денеска во с. Мачево и с. Смојмирово.