Во рамките на проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, вчера во просториите на Општина Берово, се одржа средба со корисниците на услугите на проектот.
На средбата присуствуваа раководителот на Одделението за локален економски развој, раководителот на Одделение за урбанизам, локалниот координатор и проектниот менаџер, а се разговараше за потребните документи и услови за реализација на проектот.
Договорени се следни чекори, после кои ќе се пристапи со реализација на активностите за подобрување на животот на жителите Роми во Берово, од повеќе аспекти : домување, легализација, реконструкција на куќи, решавање на имотно правни односи и слично.