Денеска преку zoom платформата, е одржан состанок на инволвираните страни, во врска со иницијативта за прогласување на заштитено подрчје ,,Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина.
На состанокот присуствуваше Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчевски, Државниот секретар во министерство за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, претставници од ПЗП Фармахем и претставници од Македонско еколошко друштво.
На состанокот е донесен заклучок да се направи јавна расправа со сите инволвирани страни во Берово и Пехчево, каде што пред граѓаните предлогот ќе биде презентиран и да се слушне мислењето на сите инволвирани страни.
По спроведување на јавната расправа, ќе се продолжи постапкат, како редовната законска процедура за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина.