Одржан состанок во врска со објава на повик за стерилизација на кучиња женки

Вчера,  во просториите на Општина Берово се одржа состанок со инволвираните страни,  во врска со објава на повик за субвенционирање на стерилизација на кучиња женки.

На состанокот се истакнати мислењата околу веќе спроведениот повик, истакнати се позитивните резултати од истиот и се давани предлози и идеи за подобрување на состојбите.

На состанокот присуствуваа претставници од здружението „ПРО АНИМА“ , доктори по ветеринарна медицина кои беа вклучени во стерилизацијата и службите од Општина Берово, кои работат на оваа проблематика.

На состанокот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Донесен е заклучок и во тековната 2021 година, повторно да се спроведе повик за субвенционирање на стерилизација на нови единки, на кој ќе можат да аплицираат сите заинтересирани граѓани, преку кое нешто делуваме на неконтролирано размножување на кучињата.

Горе