Одговор на Градоначалникот на Општина Берово во врска со обвинувањата за платата на пожарникарите

Почитувани,

Во врска со обвинувањата за некакво си мое неправилно работење, сакам да ве известам дека во ниту еден момент не сум се обидел да работам неправилно и тоа никогаш и нема да се случи.

Сакам да ве известам дека проблемот со платата на пожарникарите, се состои во тоа што согласно законот за пожарникарство е предвидено платата на пожарникарите да биде за 20 % поголема од платата на административен службеник распореден на исто работно место.

Средствата за плата на пожарникарите, е прилив од наменска дотација, порано од Министерството за внатрешни работи, последните две години од Министерство за одбрана.  Ве известувам дека дотацијата која што ја добиваме како плата за пожарникарите, не ја следи законската измена од зголемување на 20 % и од тие причини Општина Берово, нема можност да им го исплати овој дел, заради блокираност на општинската сметка, нема можност да се предвидат во општинскиот буџет.

Во времето додека на власт беше ВМРО ДПМНЕ, заради страв од режимот никој не се осмели да поднесе тужбено барање и да си ги оствари правата од работен однос. E од тоа време, пожарникарите сега ги остваруваат своите права, кои тогаш не смееја. Тогаш владееше страв, немаше права.

Во моментот ме обвинувате бидејќи Берово е во првите општини, којшто веднаш после измирување на долговите и овозможување на финансиско стабилизирање на општинската сметка, успеа да допредвиди средства во општинскиот буџет и да ја следи законската измена со буџетски средства и да го реши проблемот, при што од месец август 2020, со средства од општинскиот буџет, платата на пожарникарите се исплатува согласно измената и е зголемена за 20 % .

Судските предмети се решени со порамнувања, со што се избегнати судски трошоци, од причнина што никому не сакаме да му ускратиме од она што му следува со Закон.

Исто така, кога веќе се занимавате со оштетување на општинскиот Буџет по основ на судски пресуди, погледнете ги пресудите за пресметка со политички неистомисленици , за избркани 2 ца вработени од општинската администрација, кои го чинат општинскиот Буџет 3. 255.000,00 денари.

Такви пресметки сега нема, зошто секој административен службеник, дошол овде да работи и секој заслужува да работи и да зема плата.

Само да потсетиме, од неверојатно задолжена Општина без кредибилитет нити кај граѓаните нити кај доверителите имаме за само три години Општина која не должи ни денар никому, ги сервисира успешно обврските и потребите на граѓаните, реализира проекти и гради.

Затоа почитувано г-ѓа Елеонора Рашковска, најдете термин и телевизија за ТВ дуел каде вие ќе ги изнесете сите наводни злоупотреби кои ќе ги најдете, дури и може и да си измислите, тоа е во вашата природа, а јас ќе ви одржам курс или семинар како се работи чесно, отчетно, транспарентно и во полза на граѓаните.

Горе