Асоцијација Алзас од Франција донира медицинска опрема за установи во Берово

Денеска пристигна камион, со донирана медицинска опрема од Асоцијација Алзас од Франција, која што е обезбедена, како резултат на соработката на Општина Берово и Амбасадорот на РСМ во Р.Франција,Јадранка Чаушевска Димов.
Донацијата е обезбедена преку големиот хуманист Жак Шлеф, а ќе се користи во Здравствен дом Берово и во Домот за стари лица д-р Иван Влашки.
-Донацијата се состои од ренген машина за снимање на заби, различни видови помагала, колички, душези и друг вид медицинска опрема и истата ќе им биде од корист на најранливите категории граѓани.
Голема благодарност за донацијата, упати градоначалникот Звонко Пекевски кој очекува со истата да се унапредат услугите кои овие институцици ги пружаат кон граѓаните.
-Ова ќе значи унапредување на општинските услуги, а корисниците на услугите во Домот за стари лица, во Берово, ќе добијат уште подобар третман, додаде Пекевски.
Од истата хуманитарна организација, за Општините Берово и Велес, кон крајот на јуни, најавена е уште една донација , која исто така ќе содржи медицинска опрема.
Горе