Обезбедени финансиски средства за реконструкција на филтер станицата во Берово

На вчерашната  седницата на Влада на Рeпублика Северна Македонија,на предлог на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, усвоена e информацијата за повеќегодишната јавна набавка за Финансирање на активностите за реконструкција на филтер станицата за вода за пиење во Берово.

Филтер станицата,  за производство на вода за пиење во Берово, е изградена во 1984 година, но техничката опрема е застарена и на истата и  е неопходна реконструкција.

Проект е во согласност со Стратешкиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2020-2022 година во кој како приоритетни цели се поставени развивање на модерна и современа инсфраструктура – канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води, изградба на системи за прочистување и третман на отпадните води како и приклучување на сите корисници на комунална инфраструктура – водовод и канализација.

Проектот ќе се реализира во текот на три години (2022, 2023 и 2024 г),  за што од Буџетот на МЖСПП ќе се финансираат активностите,  преку повеќегодишна јавна набавка.

Горе