Нов асфалт добива улица ,,Киро Фетак”

Во рамки на програмата за Локални улици и патишта за 2024 година, денеска се асфалтира улица ,,Киро Фетак”.
Извршив увид во градежните активности, каде што не изостана благодарноста на жителите, кои после долги години, конечно ќе газат по асфалт.
Се асфалтира крак на улица ,,Киро Фетак”, со должина од 110 метри, со широчина на коловозот 5 метри, без тротоари и се врши одведување на површинската вода во атмосферската канализација.
Улицата идејно е решена како кружна, при што предвидено е зеленило на самото заокружување.
Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во Општина Берово, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани.
За реконструкција на ул.,,Киро Фетак”, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат исплатени 1.140.230,00 денари.
Горе