Започа асфалтирањето на паркинг просторот кај детската градинка ,,23 Август” во Берово.
Увид во градежните работи на терен, денеска изврши Градоначалникот Пекевски, кој истакна дека овој проект се реализира со примена на партиципативен принцип и учество на граѓаните, преку форуми во заедницата.
Се работи за проект, кој е изгласан како прворангиран на Буџетскиот форум во 2018 години, меѓутоа заради технички проблеми, односно немање техничка документација, понатаму следуваше измени на документацијата и нејзино дополнување, се реализира во 2020 година.
Проектот е од големо значење за родителите на децата кои престојуваат во детската градинка, но и за станарите во стамбената зграда. Се подобрува патната инфраструктура, во централното градско ппдрачје, на жителите им се олеснува пристапноста, а исто така станува и пријатно место за рекреативни активности и уживање.
За овој проект, од општинскиот Буџет, ќе бидат исплатени околу 2.120.000,00 денари.
Со реализацијата на овој проект, уште еднаш докажуваме дека граѓаните ни се на прво место и дека согласно проектираниот Буџет, секогаш ги земаме во предвид нивните потреби и барања, со единствена цел, подобрување на условите за живот, на сите граѓани.