Екипата на ОФК Малеш загосподари со првата позиција во третата фудбалска лига Исток

Големaта дерби пресметка, во Чешиново, по интересна и неизвесна борба и низ многу возбуда, на крајот му припадна на тимот на ОФК ,,Малеш”, од Берово.
Победата го одведе Малеш, на челната позиција и донесе многу возбуда.
Тимот на Чешиново е симнат од врвот на табелата, резултатот заврши 2:3 во корист на екипата од Берово, фудбалерите покажаа неверојатен карактер, победата ја посакуваа многу повеќе и се бореа на секој чекор од теренот, гинеа за секоја топка буквално. Стрелци на головите беа Симевски од пенал и Халитов , на двете изворедни асистенции од капитенот Пачемски, а третиот гол беше вистинско ремек дело од 30 метри на Арменски. Моментално екипата на ОФК Малеш се наоѓа на врвот на табелата со освоени 15 бодови , и подобра гол разлика од второ пласираната екипа на ФК Детонит кои имаат исти бодови .
Еве ја моменталната табела во Третата фудбалска лига исток:
1.ОФК Малеш—–15 бодови
2. ФК Детонит—–15 бодови
3. ФК Чешиново—13 бодови
4. ФК Брегалница -13 бодови
5. ФК Спартмани -10 бодови
6. Фк Овче Поле -9 бодови
7. ФК Хоризонт Турново -9 бодови
8.ФК Раклиш ——7 бодови
9.ФК Тиверија —-6 бодови
10. ФК Работник Џумајлија –4 бодови
11. ФК Карбинци —4 бодови
12. ФК Василево —0 бодови
Црвено сината боја, загосподари со првата позиција, во третата фудбалска лига ИСТОК и му носи нови предизвици на тимот.
Спортски поздрав и честитки до тимот, тренерот и управата на ОФК ,,Малеш”.
Горе