Никола Чамовски подари мултифункционален апарат на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Берово

Дека хуманоста е најчовечната особина и доблест на секој поединец, денес, ни покажа нашиот сограѓанин Никола Чамовски, кој денеска, во присуство на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, подари Multifresh – апарат за приготвување на  разни витамински сокчиња, супи, вакумирање на храна а има и многу други функции, на децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост .

Имено,  по повод 9-ти мај, Денот на Европа, од страна на Европското движење во РСМ претходната година, се организиран е натпревар на тема ,,Најдобар европски град“ во  кој натпревар учествуваше Чамовски. Неговата иницијатива беше,  дека доколку успее да победаи на натпреварот, наградата ќе ја донира во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово. Тој на натпреварот го освоил првото место. Како награда добил бруто износ од 125 Евра (во денарска противвредност). Во координација со Градоначалникот на Општина Берово и Директорката на Дневниот центар за лица со посебни потреби, со паричната награда купил Multifresh – апарат, а со останатиот дел од парите купил разни намирници.

Поради ситуацијата во која се наоѓа целиот свет , па и ние, одреден временски период Дневниот центар беше затворен и немаше услови за донирање на наградата. Наградата денес е донирана според протоколите за чување на здравјето.

-Помагајќи им на другите градиме нераскинливи човечки врски. Хуманоста е најчовечката особина, доблест за секој поединец. Не е среќа да си угодуваме самите на себе, туку таа се крие и во умешноста на помагање и давање на другите. Колку повеќе радост им предизвикуваме на другите, толку повеќе и ние ќе бидеме среќни. Да гледаме во другите со емпатија, почит и разбирање. Наша должност е да бидеме хумани битија! Хуманоста е клучот на личната среќа и мотивација за подобар живот!-истакна Чамовски.

Голема благодарност до Градноначалникот на Општина Берово и Директорката на Дневниот центар за поддршката на иницијативата, а секако клучен фактор во постигнувањето на целта беа сите луѓе кои се вклучија и го дадоа на некој начин својот придонес во постигнување на целта. Им се заблагодарувам од срце на сите и со право ќе кажам: НЕ УСПЕАВ САМО ЈАС, УСПЕАВМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО ОВОЈ НАТПРЕВАР-додаде Чамовски.

Горе