Македонската поп дива Наташа Мијатовиќ Крстевска, попозната како МИЈАТА, го користи беровскиот кислорот, за да закрепне, откако неодамна прележа КОВИД 19.
Во рамките не посетата на Берово, таа оствари средба со Градоначалникот Пекевски, во неговиот кабинет, каде што разговараа за моменталната состојба на уметниците во услови на пандемија и за идните планови.
Таа истакна дека спрема нов албум и е подготвена и отворена за секаков вид соработка за подигнување на културното ниво во Берово.
Пекевски и се заблагодари за промицијата и поддршката која ја дава на Општина Берово, посакувајќи и многу успех и реализација на сите планови.
Дека МИЈАТА го сака Берово и е силно посветена на промоција на беровските таленти, говори и нејзиниот музички проект „Домаќинска“-весела песна со ретро-призвук, каде што како придружен вокал се јавува нашата талентирана сограѓанка Ангела Здравковска.
Инаку Мијата покрај тоа што е пеачка и кантавторка, зборува и пее на повеќе јазици, таа во исто време работи и како контрола на летање, а на публиката и е позната и по поборништвото за доење и донација на мајчино млеко.
На ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во 2018 година, во Берово, со нејзината маестрална вокалност го промовираше својот албум ,, Јаболки и круши, за уметнички души”.