Месност викана ,,Манаќија” во Берово, наскоро ќе блесне со ново улично осветлување

После долги години, месноста викана ,,Манаќија” во Берово, добива улично осветлување.

Во моментот екипа на терен, работи на поставување на инсталација на улично осветлување, во должина од околу 300 метри и наскоро овој дел од Берово ќе блесне, целосно осветлен.

Овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните ги запазуваме постоечките стандарди за енергетска ефикасност, со што се добива заштеда на електрична енергија.

Со поставување на улично осветлување во месноста викана ,,Манаќија” , граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост.

За мене е навистина многу важно, средствата на граѓаните секогаш да се вложуваат наменски, да се прави рационализација и домаќински да се работи. Токму затоа,  ја увидовме потребата од поставување на улично осветлување на овој дел од Берово, кој што е доста населен- истакна Градоначалникот Пекевски.

Горе