ЈПКР ,,Услуга” Берово , по којзнае кој пат, ја исчисти Депонијата за градежен и градинарски отпад, во место викано ,,Црвен брег” во Берово.

По којзнае кој пат, службите при ЈПКР ,,Услуга” Берово, ја исчистија депонијата за градежен и градинаски отпад, во место викано ,,Црвен Брег”.

Сакаме да потенцираме,дека оваа депонија е предвидена само за градежен и градинарски (органски) отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад,  е казниво и строго забрането.

Воедно информираме дека локалитетот ќе биде под надзор и конторла на општиниските служби, со цел конечно да се стави крај на несовесното фрлање отпад и сите кој ќе го прекршат истото, да  понесат соодветна одговорност.

НЕСОВЕСНОТО ФРЛАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД МОРА ДА ЗАПРЕ!

Берово и Малешевијата е еколошки чист крај, и ваквите дејствија, никако не придонесуваат во она што сакаме да го постигнеме- ЕКОЛОШКИ ЧИСТ РЕГИОН.

Уште еднаш, по којзнае кој пат, упатуваме апел до сите граѓани, заеднички да придонесеме за почисто Берово и по здрави и поквалитетни услови за живот!

Горе