ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА – ДООФОРМУВАЊЕ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ

ROMACTED vizibil

Општина Берово објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Берово. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„

Краток опис на акцијата

Оваа акција има за цел директно да го промовира и унапреди образовното ниво на дел од ромската заедница во Општина Берово со цел да им овозможи на Ромите да бидат конкуректни и да им го олесни пристапот на пазарот на труд.

Целта на повикот е да се обезбеди формална диплома за завршено средно образование за возрасни Роми кои го немаат комплетирано своето средно образование.

Со оваа активност ќе бидат опфатени три до пет возрасни Роми кои имаат завршено тригодишно средно образование или на кои им недостасува уште една година за да се стекнат со диплома за завршено средно образование.

Дооформувањето на образованието треба да биде спроведено во временски период од април до декември 2023 година.

Избраните кандидати ќе се стекнат со диплома за завршено средно образование.

ГЕНЕРАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ

  1. Лица со лична карта и адреса на живеење на територија на Општина Берово
  2. Лица кои немаат завршено 4-годишно средно образование, односно 4-та година од средно образование
  3. Лицата да бидат на возраст од 18 до 45 години
  4. Лицата да бидат припадници на ромската заедница

Се охрабруваат жените и девојчињата Ромки  да аплицираат.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи:

  1. Пополнета Пријава (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик)
  2. Копија од лична карта
  3. Копија од завршени свидетелства за 1-ва, 2-ра и 3-та година средно образование
  4. Лична изјава за припадност на ромска заедница (во прилог да се пополни)

Комплетната документација може се достави на три начини:

  • во архивата на општината во затворен коверт со долунаведена назнака
  • препорачанопо пошта на следната адреса: Општина Берово, ул. Димитар Влахов бр. 10 ,2330 Берово во затворен коверт со долунаведена назнака
  • или електронски на следната е-маил адреса[email protected] или [email protected] со долунаведена назнака

Крајниот рок за доставување на документацијата е 10 дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината (17.03.2023 година), односно најдоцна до 27.03.2023 година со назнака: ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА – ДООФОРМУВАЊЕ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ “-РОМАКТЕД ПРОГРАМА

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

За сите дополнителни прашања и информации можете да не контактирате на следниот број: 033/471 057 и на е-маил: [email protected]  или [email protected] секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот. Лице за контакт Ѓорѓи Пеовски.

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од Градоначалникот.

Трошоците за комплетирање на средното образование ќе бидат покриени од страна на Општината во рамки на акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Пријава за лица за дооформување на средно образование

Изјава за припадност кон заедницата

Изјава за лични податоци

 

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

Горе