ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија

Општина Берово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти, во рамките на Регионалната програма за локална демократија, во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија

Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации, преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните, во креирањето јавни политики.

Приоритетни области за проекти:

  1. Локален економски развој и туризам
  2. Култура и културно наследство
  3. Социјална заштита и човекови права
  4. Животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени
  5. Mлади и спорт

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: од 05.02.2026 до 05.03.2026

За времетраењето на јавниот повик, ќе се одржи инфо сесија, обука и  менторска поддршка за граѓански организации кои ќе учествуваат на јавниот повик.

Инфо сесијата и првиот ден од дводневната обуката ќе се одржат на 09 февруари 2026 година,  во Хотел Манастир Берово, со почеток во 11 часот. Вториот ден од обуката, ќе се одржи на 10.02.2026 година,  во Хотел Манастир Берово, со почеток во 9:30 часот.

Првата менторска средба, е закажана за 16 февруари 2026 година, а во текот на обуката, ќе бидат договорени термините за преостанатите 3 менторски средби, кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.

Прашања во врска со јавниот повик, може да се испратат електронски, на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака за ReLOaD3 програмата најдоцна до 25.02.2026 година. Одговорите ќе бидат испратени електронски, во рок од 3 дена, од приемот на барањето.

Документацијата за јавниот повик, треба да биде доставена во електронска форма, на USB. Истата треба да биде испратена по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, на кој е назначено дека е за јавниот повик и да биде испратена во работни денови (од понеделник до петок), помеѓу 09:00 и 15:00 часот, на следната адреса:

Општина Берово

ул.” Димитар Влахов “бр.10,

2330 Берово

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок, ќе бидат разгледани, само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на јавниот повик за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на општина Берово www.berovo.gov.mk) и УНДП МК https://www.undp.org/north-macedonia ,  како и на огласната табла во општина Берово, во рок од 45 работни дена од затворањето на Јавниот повик (освен во случај на непредвидени околности).

Само организациите чии апликации се избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.

Целиот повик може да го превземете ТУКА

Документи за аплицирање:

Annex 1 – Предлог проект

Annex 2 – Буџет за предлог проект

Annex 3 – План за активности 

Annex 4 – РАМКА

Annex 5 – Изјава за партнерство

Annex 6 – НАСОКИ LOT1

Annex 6 – НАСОКИ LOT2 & LOT3

Annex 7 – Цели за одржлив развој 

Горе