Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002 и “Сл.Весник на РСМ” бр.202/2024), член 61 став 1 алинеа 12 од Статутот на општина Берово („Службен гласник на општина Берово“ бр. 13/02 ,18/07, 30/08, , 20/10, 20/19, 47/21,30/23 и 5/25, ), а согласно Програма за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2026 година, со бр. 09-4366/1 од 05.12.2025 година и измена на Програма за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2026 година со бр. 09-2080/1 од 14.05.2026 година, Oпштина Берово на ден: 19.05.2026 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за извршување на јавни работи/одржување на чистотата на јавните површини и создавање уредна и здрава животна средина за граѓаните и собирање на ПЕТ отпад на територијата на Општина Берово во рамки на Програмата за одржавање на јавна чистота
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица, активни баратели на работа со ниски квалификации од територијата на општина Берово кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за работно ангажирање, во рамки на Програмата за јавна чистота, да се пријават во Општина Берово.
За спроведување на предвидените активности, од делокругот на Јавни работи/ јавна чистота (одржување на чистотата на јавните површини и создавање уредна и здрава животна средина за граѓаните и собирање на ПЕТ отпад на територијата на општина Берово), предвидено е ангажирање на 6 (шест) евидентираните невработени лица, активни баратели на работа со паричен надоместок во висина од 800 денари бруто износ дневно за работното ангажирање, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, за работно ангажирање со 20 работни часови неделно во период од 4 месеци (јуни – септември)
Предност ќе имаат лица од маргинализирани групи.
Заинтресираните лица, Пријави за учество можат да поднесат во Општина Берово во периодот од 19.05.2026 година до 26.05.2026 година, од 07:30 до 15:30 часот.
Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и избраниот кандидат.
Општина Берово
Градоначалник
Петар Ружински
